Еве кој зеленчук е најдобар за одржување на имунитетот

61

За одржување на имунитетот во текот на сезоната на грипови и коронавирусот најефикасен е доматот, изјавила руската докторка Наталија Круглова.

Според зборовите на оваа докторка, тој зеленчук е исклучително корисен за организмот благодарение на големата содржина на антиоксиданти.

„Доматот содржи ликопен, моќен и важен антиоксиданс за човекот. Тој го штити организмот од делување на слободните радикали кои можат да предизвикаат заболување на кардиоваскуларниот систем, како и онколошки болести. Благодарение на ликопенот се активираат заштитните клетки на имуниот систем“, објаснила докторката.

Како што вели таа, единствениот состав на доматот е витамин Ц, диетални растителни влакна и бетакаротен, а тие го прават зеленчукот исклучително корисен за очите, кожата, косата и ноктите.

Меѓутоа, својството на доматот во голема мера зависи и од начинот на кој се подготвува. На пример, витаминот Ц при загревање се разградува, за разлика од ликопенот. Тој антиоксиданс го има повеќе во пирето од домати наместо во свежиот зеленчук.

Докторката објаснила дека сепак овој зеленчук е контраиндикативен за лица со воспаленија на гастроинтестинален тракт или пак индивидуална нетолеранција на овој производ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.