Епилог – Педагошки мерки за ученичките кои тепаа соученичка во Неготино!

По скандалозната снимка, просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според она што сите го видоа на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца.

Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото и оти се преземени сите мерки.

– Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица, нагласи Мантев.

Директорот откри дека децата што тепаат биле всушност проблематични и за нив и претходно имало изречени мерки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.