Епидемијата не стивнува – Два нови смртни случаи од морбили во Романија
Уште две лица починаа од морбили во Романија во последните седум дена, со што бројот на жртвите достигна 21 лице, изјави претседателот на Романското здружение за микробиологија, Александру Рафила.
Тој потврди дека починало 17-годишно девојче, кое не било вакцинирано и имало и други заболувања, како и дете на една и пол годишна возраст, кое исто така не било вакцинирано.
Според Националниот институт за јавно здравје, до 7 април биле потврдени 4.090 случаи на морбили, од кои 19 смртни во различни романски области.