Епидемијата на морбили ги исплаши Италијанците – Воведуваат задолжителна вакцинација

309

Италијанската Влада усвои уредба со која се воведува задолжителна вакцинација на децата против инфективни болести.

Како што соопшти Владата во Рим, со одлуката сите деца на возраст до шест години мора да бидат имунизирани или во спортивно нема да им биде дозволено да се запишат во градинка.

– Родителите кои ќе ги праќаат децата на таа возраст во градинките без задолжителните вакцинации, ќе подлежат на парични казни, изјави италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Досега во Италија задравствените власти им препорачуваа на родителите да ги вакцинираат децата против морбили, рубеола, веричела, заушки и менингитис, но тие вакцинации не беа задолжителни.

Покрај имунизацијата против овие пет болести, со новата одлука, децата треба да бидат вакцинирани и против полио, дифтерит, тетанус, хепатитис Б, пертусис и хемофилчна инфлуенца од типот Б.

Минатиот месец италијанските власти предупредија дека како последица на кампањата за невакцинирање на децата, во земјата се појави епидемија на морбили. Од почетокот на годината во Италија се регистирани над 2.340 случаи на морбили, што е значително повеќе во однос на лани, кога имаше 840 заболени и во 2015 година, кога се заведени 250 болни

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.