Една општина 20.000 друга 10.000 денари – Градовите даваат различна сума пари за првото дете родено во Новата година

3,500

Иако се родени како први бебиња во Новата година во нивните општини за подарок од градоначалниците добиваат различна сума пари. Според податоците од официјалните веб страници на локалните самоуправи најмногу пари на првородените деца во годината им се даваат во Скопје и Струмица по 20.000 денари на штедна книшка, во Прилеп 15.000, Велес 12.000, а во Битола, Охрид и Штип градските татковци поклонуваат по 10.000 денари. Ваква традиција нема во Гостивар, ниту во некои помали градови каде впрочем нема и родилишта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.