Две деца од Велес и од Скопје добиле инфекција со ХиБ – Не биле вакцинирани

7,388

Инситутот за јавно здравје во март регистрирал 10 лица  со заболувања против кои се спроведува задолжителна континуирана имунизација (без туберкулоза). Пријавени се 6 лица со вирусен хепатит Б и истите согласно Календарот за имунизација не подлежат на задолжителна вакцинација и не се вакцинирани. Во март, пријавени се две лица со заразни заушки, дијагнозата е поставена лабораторски и клинички. Во однос на вакциналниот статус, едното лице е вакцинирано, а другото не е вакцинирано. Регистрирани се два случаи на инфекција со ХиБ. Во првиот случај, се работи за 2-годишно дете од Велес, а во вториот случај за 8-месечно дете од Скопје. Во двата случаи, дијагнозата е докажана лабораториски и клинички, а во однос на вакциналниот статус двете лица не се вакцинирани против ХиБ согласно Календарот за имунизација.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.