Две деца од Охрид и Струга починаа во еден ден!

Две деца од Охрид и Струга починаа во еден ден. Обдукцијата треба да ја утврди причината за смртта на 2,5 годишната Анастасија Маркоска која во петокот со симптоми на вознемиреност била примена во Охридската болница.

– По направениот наод и дијагностицирана вироза, дадени се упатства за понатамошен третман на пациентката. На 26 август во 16:40 часот направен е уште еден преглед поради симптоми на стомачна болка, повраќање и омалаксаност со знаци на лесна дехидратација. Спроведена е рехидратација и пациентката е упатена дома во добра општа состојба со препораки за понатамошно лекување. Во 23 часот и 55 минути детето повторно било донесено во болницата без срцева акција, без пулс и во бессознание, со проширени зеници. Веднаш се пристапило кон реанимација заедно со интернист и анестезиолог, но за жал по час и половина реанимација, константирана е смрт во 1 часот и 30 минути по полноќ, се вели во писмената изјава од Општата болница Охрид.

Од таму додаваат дека случајот го пријавиле во полиција која извршила увид, а по наредба на обвинител телото било однесено во Битола на обдукција.

Од министерството за здравство информираа дека посебна комисија ќе го испитува лекувањето и целокупниот третман на пациентката.

Во вториот счучај, седуммесечното девојче во струшката болница било донесено завчера во влошена состојба поради вроденото тешко заболување на мозокот. Родителите знаеле за болеста и не сакале детето да биде хоспитализирано.

– Родителите потпишале писмена изјава дека не сакаат детето да биде хоспитализиранои и си го вратиле дома, изјави во телефонски разговор за Сител д-р Асим Муса в.д директор на ЈЗУ Општа болница Струга.

Вчера околу 10 часот таткото пријавил во полиција дека неговата седуммесечна ќерќа дома ја пронашол без знаци за живот. Се обидел да и даде вештачко дишење и веднаш со такси ја оденел во болницата во Струга.

– Дежурните лекари само констатирале смрт, додаде д-р Асим Муса в.д директор на ЈЗУ Општа болница Струга.

Лекарите врз телото не констатирале траги на насилство, стои во полицискиот билтен , а Јавен обвинител наредил телото на починатото дете да биде предадено на семејството за погреб.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.