Двајца наставници од Скопје позитивни на коронавирус

Наставничка по англиски од „Владо Тасевски“ во Карпош е позитивна на корона. Од општината за Телма веллат  дека таа им предавала на второоделеници, но и дека никој од нив не е во изоалција . Наставничата од средата се изолирала а , во четвртокот добила позитивен тест.

„По констатираната состојба (во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ‘Владо Тасевски’. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритмот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација“, велат од општина Карпош .

А , уште еден случај на заразен наставник и во општина Центар. Во основото училиште „Димитар Миладинов“ наставникот по физичко , од саботата пројавил симптоми на корона. Тој во петокот бил на работа и држел часови , но од училиштето за Телма велат дека се почитувале мерките и протоколите. Никој од основците на кои  им држел часови не се во изолација , а наставникот од вчера е позитивен на вирусот.

За сега повеќе од 50 основци и 10 наставници се позитивни или се во изолација поради тоа што биле во контакт со заразен од корона .

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.