Дури три четвртини од родителите премногу калорично ги хранат бебињата!

235

Млекото во прав и храната за бебиња во стаклени шишенца содржат значително повеќе калории отколку мајчиното млеко. Децата помлади од шест месеци не треба да се хранат со повеќе од 600 калории на ден, но 75 проценти од родителите им даваат на своите деца во просек по 100 калории, пожува една студија изработена од страна на британското министерство за здравство. Биле испитувани повеќе од 3683 деца на возраст од 4 до 18 месеци.
По првите шест месеци до една година на децата не треба да им се даваат повеќе од 750 калории на ден. Проблемот се јавува бидејќи потребата на детето за храна варира во зависност од возраста, активноста и развојот, предупредуваат експертите.
– Формулата за детска храна во теглички содржи значително повеќе калории отколку мајчиното млеко, а по кратко време бебињата се навикнуваат на поголеми количини на храна, и бараат повеќе од она што им треба. Децата кои се дојат престануваат да цицааат откако ќе се заситат, додека мајките кои им даваат на своите деца млеко во шише очекуват детето да ја испие целата количина и тогаш да се засити, што не е точно, вели Tам Фрај од Форумот за развој на децата.
Тој истакнува дека голем број на производители на храна за бебиња на етикетите препорачуваат повисоки количини за оброци на децата од тоа што навистина на децата им е доволно. Затоа, важно е да се гледаат индивидуалните потреби на децата, а оброкот да им заврши штом детето ќе се засити и ќе одбива понатаму да јаде, и немора да го испие целото шише.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.