ДСЗИ испитува кој се бил опериран во ординацијата каде по интервенција на хемороиди од сепса починал 39-годишен ресенчанец

Полицијата, но и стручна комисија од министерството за здравство ќе го испитуваат случајот со 39-годишниот ресенчанец кој по операција на хемороиди во приватна установа починал од сепса. Во меѓувреме од здравствениот инспекторат кој во саботата ја затвори ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија д-р Митаноски каде била направена интервенцијата не нашле никаква евиденција ниту електронска ниту пишана за изведени интервенции во нивните простории. ДСЗИ испитува и дали има писмен договор за изнајмување на салата со ПЗУ “Јанита” на доктор Звонко Николовски кој го оперирал пациентот.
-Понатаму ќе утврдуваме дали е тоа законски или не. Ќе ги известиме и сите други надлежни институции, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.
ДСЗИ му забранил и доктор Звонко Николовски да врши врши прегледи и интервенции надвор од просториите за кои има добиено дозвола. И тој треба во рок од 3 дена на инспекторите да достави договор за изнајмување на операционата сала и колку интервенции досега направил таму.
-Доктор Звонко Николовски треба во рок од 3 дена да достави договор и број на интервенции кои ги вршел таму, додаде д-р Сотирова Бухова.
Пациентот од Ресен бил опериран од доктор Николовски во понеделникот во просториите на ординацијата на доктор Митаноски. По што дошло до влошување на неговото здравје, а во тешка состојба во четвртокот бил однесен во ГОБ 8 септември каде и починал најверојатно од сепса. По барање на семејството не била направена обдукција.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.