Доста беше храна, време е за детоксикација!

Три лесни и брзи смуди напитоци

Заврши јануари, месецот во кој сите знаеме да претераме и со храната и со алкохолот. Иако во моментот можеби и се чувствувавме одлично, веруваме дека сега си рековте дека можевте да “кренете рачна“.

За да се чувствуваме подобро, најпрвин треба да го исчистиме организмот од токсини.

Меѓу најпопуларните и наједноставни пијалаци за детоксикација на организмот е водата со лимон.

Но, со новата година можете да пробате и нешто ново, па лимонот да го замените со портокал, јагоди, краставица, нане, цимет, рузмарин, лимета, манго…

Ако не сте љубител на ваков тип течност, тогаш посегнете по чај – оној од ѓумбир одлично ќе ја заврши работата, како и зелениот чај или едноставно детокс чај.

Но, ако не сакате ниту чаеви, тогаш можете да се одлучите за смуди.

А ние ви предлагаме токму три лесни и брзи смуди напитоци, кои ќе ви помогнат да се чувствувате одлично, а притоа се супер замена за доручек или ужина:

#1 Детокс смуди со јаболка и авокадо

1 ½ шолја сок од јаболка

2 шолји спанаќ или кељ (исечкани)

1 јаболко (неизлупено и исечкано)

½ авокадо (сечкано)

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека не стане смесата компакнта. Додадете вода по желба, во зависност од тоа колку сакате да ви биде густ пијалокот.

 

#2 Детокс смуди со шумско овошје

1 шолја мешано шумско овошје

½ шолја кокосово млеко

1 шолја вода

Овесни снегулки по желба

Постапката е иста како и за претходното.

 

#3 Детокс смуди со ананас и банана

1 шолја ананас

1 банана

1 јаболко

1 шолјa спанаќ

1 шолја вода

Постапката е иста како во првиот пример.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.