Досега 185.450 ковид дијагностицирани

18

Останува ризична состојбата со Ковид-19 во државата. Вчера беа регистрирани нови 557 случаи, а повторно најмногу активни има во главниот град. Активни се 12 984 случаи.

Вчера беа регистрирани нови 557 случаи на заболени од Ковид-19, од направени 3.885 тестирања. Оздравени се 572 пациенти, а починаа 28 лица. Од новите случаи, најмногу се во Скопје – 268, потоа во Куманово 39 и во Велес 29.

Бројот на новозаболени последната седмица се намалува во Кичево. Таму се зголемува бројот на оздравени и состојба е многу поповолна споредена со претходните четири или пет недели, потврди вчера Станко Трпески директорот на Општата болница Кичево.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185 450 на оздравени пациенти е 166.099, а на починати 6 367.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.