Домашен напиток за брзо топење на килограмите

Голем хит кај манекенките!

Иако водата со краставици одамна е голем хит кај моделите ширум светот и истовремено важи за еден од најдобрите напитоци за детоксикација на организмот, здравствените придобивки од истата се навистина одлични.

Ваквиот напиток се приготвува многу брзо и лесно, а сѐ што ви е потребно се два литра вода и неколку парчиња краставици со лушпа исечени на кругови.

Ставете неколку парчиња во водата и оставете го напитокот некое време во ладилник, а потоа консумирајте по една чаша.

Според извештајот на американската асоцијација за здравјето на срцето, проблемите со овој орган се јавуваат како прва причина за смрт кај населението. Паметниот и здрав план на исхрана е најдобриот пат за заштита на срцето. Водата од краставици ќе го намали крвниот притисок и со тоа ќе го намали ризикот од срцеви заболувања.

Овој напиток ги храни и мускулите со есенцијалните нутриенти, па ако вежбате или сакате да ја зголемите мускулната маса, во текот на денот консумирајте по две чаши од оваа вода.

Краставиците се полни со витамин К кој му е неопходен на нашиот организам, а истиот во голема мера помага и за зајакнување на вашите коски. Веќе добро знаете дека овој напиток ќе помогне во хидратацијата на вашата кожа и ќе ја смири, а водата со краставици е полна антиоксиданси кои исто така многу ја штитат кожата.

Доколку сѐ уште не сте го пробале ова вистинско чудо од природата, летото е вистинско време за тоа!

Коментари

коментари