Домашен мелем за проширени вени
Потребни состојки:
½ кг свинска маст
две дланки свежо набрани цветови од невен
една дланка зелени, исушени лушпи од див костен
Загрејте ја свинската маст на тивок оган. Кога потполно ќе се растопи, додадете две дланки свежи цветови од невен и една дланка зелени, исушени лушпи од див костен.
Оставете го садот на оган се додека не се појави пена, а потоа тргнете го од огнот и мешајте 5 минути. Поклопете го и оставете да отстои 24 часа на ладно место.
По овој временски период повторно полека загревајте го и притоа постојано мешајте додека целосно не се растопи. Процедете низ стерилна газа и сместете го во чиста и сува тегла. Чувајте ја теглата на суво и темно место.
Оваа маст нанесувајте ја на критичните места секоја вечер, без масирање!