Долготрајното земање на антибиотици може да предизвика сериозни заболувања!

198

Научниците откриле дека долгорочното користење на антибиотици го зголемуваат ризикот од добивање на полипи, мали израстоци на ѕидовите на цревата кои можат да станат канцерогени.

Ако земате антибиотици 15 дена или подолго, ризикот од добивање рак на цревата може да се зголеми за дури 73 отсто, покажа студијата објавена во угледното гастроентеролошко списание „Gut”.

Ако земате лекови во 40-тите или 50-тите години, состојбата е поризична отколку ако тоа го правите во 20-тите или 30-тите години.

Иако антибиотиците генерално се пропишуваат на една недела, состојбата како акни или туберкулоза бара долготрајно лечење.

Научниците проучувале податоци од над 16.000 жени постари од 60 години. Само два месеца на користење на антибиотици меѓу 20-тата и 39-тата година се зголемува ризикот од настанување на полипи за 36 отсто. Жените кои земаат антибиотици во 40-тите и 50-тите години имаат 69 отсто поголем ризик од жените кои не земале лекови.

Во последните четири години користењето на антибиотиците не било поврзано со ризикот за добивање на полипи, а овие сознанија укажуваат на тоа дека ако ова истражување го потврдат и други студии, користењето на антибиотиците треба да биде строго ограничено, порачуваат научниците.

Сепак, се истакнува дека неопходно е да се спроведат понатамошни истражувања и дека луѓето не треба да престанат да ги користат антибиотиците кои моментално ги пијат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.