Од 21-24 јуни во Будимпешта се одржа Европскиот конгрес за хирургија на рака (EUROHAND 2017). Своја презентација на истиот имаше д-р Синоличка Џамбазова од Клиниката за ортопедски болести.
На конгресот своите искуства ги претставија еминентни светски имиња од оваа област. Можеше да се направи паралела на Европската наспроти Руската и наспроти Американската школа.
-На едно место присуствуваа 1400 колеги од целиот свет, од сите континенти, беа презентирани најновите достигнувања од областа на микрохирургијата-хирургија на рака. Беа претставени нови дијагностички протоколи, најнови терапевтски пристапи во лекувањетокако и нови оперативни техники. Исто така имаше голем број научно-истражувачки студии од најголемите научно истражувачки центри во светот, се со цел превенција, следење на текот на многу заболувања и стопирање на прогресијата на болеста. Доминантно место на конгресот имаше минимална инвазивна хирургија. Имав можност да воспоставам нови нови мостови на пријателство и соработка со неколку центри во Европа, изјави за samozdravje.mk д-р Синоличка Џамбазова, од Клиниката за ортопедски болести.
Доктор Синоличка Џамбазова е поканета да биде предавал на 14-от Европски конгрес за микрохирургија.