Доктор Јуре Буриќ: Корона неможе да го преживее ова

Доктор Јуре Буриќ со писмо до министерот за здравство на Република Хрватска Вили Борш во врска со корона во кое како што вели, можеме да го истераме овој вирус од телото. Писмото е пренесено во целост:

“Почитуван господине министре др. Берош, кружат секакви препораки за плакнење уста со топла вода, сол и јаболков оцет, а не сакате да го послушате мојот совет каде што барем три пати дневно инхалирање над жешка водена пареа во која има една дланка морска сол и дланка обична чубара (Calluna vulgaris) – чубар кој и не е толку битен. Иако во сето тоа додавам и 7-8 капки етерично масло од сладок пелин (Artemiissia annua) кој лично го произведов и кој исто така не е толку битен.

Битна е температурата, влажноста и достапност во респираторниот тракт. Тако ќе се ‘истера’ короната од уста, нос, и сите дишни патишта, па и од очи.

Никако да ви докажам дека ова е спасоносна метода за заштита од корона. И онака луѓето дома можат да изгубат еден час дневно на инхалација, а цената е нула (освен една дланка морска сол).

Јас сум оториноларинголог 42 години и добро знам што зборувам, и верувам дека овој совет може да им помогне на луѓето во борба против коронавирусот.

Додатен рецепт:

“На висока температура (над 50 степени) и зголемена влажност на воздухот преку 50 отсто короната неможе да преживее. Со обзир на тоа дека инфекцијата влегува преку слузница на устата, носот и очите – препорачувам три пати дневно во траење од 15 до 20 минути инхалација над жешка водена пареа. Постапката е едноставна и во традицијата на нашите баби кои зимските настинки (вирози) лекувале токму со такви инхалации.

Во еден сад истурете околу 2 дл. вода и ставете една дланка морска сол. Кога водата ќе зоврие, тргнете ја од рингла и ставете је на маса, земете еден голем пешкир кој ќе го ставете преку глава и наведнати врз садот со жешка вода. Внимавајте жешката водена пареа на почеток да не ве изгоре!

Вдишете длабоко од водената пареа преку нос и издишете ја преку уста. После десет такви вдишувања исто толку преку уста, а издишете преку нос. Постапката поврорете ја се додека водата не се излади. Тоа може да трае 15 до 20 минути. Додека трае инхалацијата држете ги очите отворени. На тој начин ќе се решете од корона која по мое мислење на таква температура (околу 60 и повеќе степени и влага од 100 отсто) неможе да преживее нити на слузницата во уста, нити во носот, а ни во очи. Ако тоа го правите три пати дневно короната не ќе може да се размножува нити да се вкорени. Оневозможувате да влезе во вашите бронхи и плуќа“

За имунитет:

“Изрендајте 1 кгр. јаболка, продинстајте ја 5-6 минути во тенџере со малку вода, а потоа оставете ја да се олади. Додадете млени ореви, бадеми, индиски ореви, фстци, семки од тиква, семки од кајсии, од сите по 10 дгр. Потоа додадете суви сливи, кајсии, брусница, грозје, ситно исецкани – по 10 дгр. Сето тоа добро измешајте ги ставете ги во тегли по 20 гр. Ставете ги во замрзнувач, освен онаа која ја користете. Нејзе чувајте ја во фрижидер. Земате една лажица наутро и една навечер. Ова е исклучиво добро за здравје и успешна борба против сите болести па и вируси… Ваш доктор Јуре Буриќ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.