Доколку имате покачен холестерол во крвта, треба да избегнувате една намирница

204

Зголемениот холестерол е сè почест здравствен проблем, а уште поголем проблем е што многумина не знаат дека го имаат тој проблем, па не земаат ниту лекови кои би им помогнале.

За зголемениот холестерол можат да придонесат многу фактори, вклучувајќи ги и годините, староста, консумирањето алкохол и цигари, како и некои хронични здравствени состојби.

Покрај лековите, во намалувањето на холестеролот помага и исхраната која има голема улога во тоа, а експертите откриваат која намирница е најлоша за згломено ниво на холестерол.

„Црвеното месо е особено лошо за зголемениот холестерол“, вели професор по нутриционизам на Универзитетот на Хаваите, Џинан Бан.

„Содржи заситени масти и холестерол кои кога се консумира заедно и во поголеми количини можат да го зголемат нивото на холестерол. Тоа исто така го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести“, појаснува професорот.

Консумирањето на намирници богати со заситени масти го поттикнува телото да произведува LDL, односно лош холестерол во крвта, што за последица има зголемен ниво на холестерол. Заситените масти инаку природно се наоѓаат во многу намирници, па дури и во оние од растително потекло, но примарно се наоѓаат во производите од месо.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.