Докажано: Песимистите живеат подолго од оптимистите

Конечно песимистите имаат причина да бидат среќни. Имено, повозрасните лица кои цел живот мислеле „на најлошото“ живеат подолго, покажале резултати од едно истражување објавено од Американската психолошка асоцијација.

Научниците откриле дека малите очекувања за „убава иднина“ всушност доведуваат до поздрав живот.

Истражувањето кое опфатило 40.000 лица во периодот од 1993 до 2003 година покажало дека „огромниот оптимизам“ предизвикува поголем ризик од болести и повреди, како и смрт. Испитаниците биле поделени во три различни старосни групи, со цел да се оцени нивното задоволство од животот и како тие се гледаат во иднина. Пет години подоцна нивното ниво на задоволство е споредено со очекувањата.

Околу 43 отсто од највозрасната група, лица постари од 65 години, имале малку верба во задоволството од идниот живот. Од вкупниот број членови во оваа група, дури 25 отсто точно ја процениле својата среќа, а 32 процента згрешиле.

Интересно е што највозрасните испитаници, кои го прецениле развојот на идните случувања, имале 9,5 отсто повеќе повреди и 10 проценти поголем ризик од смрт, покажале анализите.

Од друга страна, членовите на највозарсната група, кои биле песимисти, имале пореални очекувања и повеќе внимавале на себе.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.