Дневно по дваесетина пациенти поради загадувањето бараат помош на Очната клиника!
Кога воздухот е загаден по дваесетина граѓани дневно поради проблеми со видот бараат помош на Очната клиника. Штетните гасови им предизвикале солзење, печење или црвенило околу очите. Слични симптоми имале и веќе оперирани пациенти.
-Најчесто пациенти кои ни доаѓаат се оперираните, кај кои надворешните влијанија во овој случај предизвикале иритација со печеење, оток и црвенило и милат дека нешто се искомплицирало по операцијата, изјави д-р Ирина Богданова, Клиника за очни болести.
Офталмолозите предупредуваат дека штетните гасови во воздухот покрај кардиоваскуларни и респираторни предизвикувааат проблеми и на очите.
-Сулфур диоксидот предизвукува иритација, печење и други симптоми на очите, додаде д-р Богданова.
Доктор Богданова советува доколку граѓаните подолго време имаат црвенило и печење на очите да побараат лекарска помош од офталмолог.