Директорот на СЗО: Пандемијата и натаму се забрзува и не е под контрола

Пандемијата на коронавирус и натаму се забрзува, а повеќето земји сè уште не успеале да ја стават под контрола, предупреди денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој посочи дека од над 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во таа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.

Гебрејесус оцени дека пандемијата открила нееднаквости, на глобално ниво и во одделни земји, како во медицинскиот систем, така и пошироко во општеството, пренесува „Гардијан”.

– Вообичаено се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не се грижат за политичките разлики ниту оние меѓу здравството и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на Ковид-19 ги избриша сите, рече Гебрејесус. 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.