Директорот на Неврохирургија ќе заврши пред јавен обвинител, ќе има ли мерка притвор?
Директорот на Универзитетската клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, неколку часа бил на распит во полициска станица, откако пациент пријавил дека му побарал мито. Во текот на денот ќе се најде и пред јавен обвинитењл, кој треба да одлучи дали ќе има мерка притвор. Неофицијално, како што пренесуваат некои медиуми, во неговиот кабинет биле пронајдени 30.000 евра, додека во неговиот дом 10.000 евра.
Покрај тоа, во канцеларијата биле пронајдени и дополнителни 1.000 евра, обележани пари.
Откако вчера одекна веста дека Чапаровски зел мито, од Лекарската комора издадоа соопштение во кое се вели:
„Лекарската комора на Македонија, како професионална асоцијација на докторите, потсетува дека за секој граѓанин важи правото на пресумција на невиност сè до завршувањето на некоја постапка. Со тоа не се бега од одговорноста, туку се бара почитување на правото и законските процедури“, соопшти Лекарската комора.