Директорка на на Клиниката за кожни заболувања позитивна на коронавирусот
Министерот Венко Филипче потврди дека директорката на Клиниката за кожни заболувања има корона вирус. Таа пет дена одела на работа по враќање од Италија. Среќа во целата ситуација е тоа што не била во амбуланта и не била во контакт со многу пациенти. Во моментот ја сместуваат на Инфективно. Целиот оддел и Клиниката е затворена и се проверува се прават тестирања и интервјуа со кого се била во контакт.
-Ова што се случи е многу разочарувачки посебно што се работи за колега лекар. Препораките не се почитуваат дури ии од нив. Ние границите не може да ги затвориме, но оние кои доаѓаат од ризичните земји мора да се придржуваат на препораките за автоизлоација. Италија прогласи црвена зона во Северна Италија и мерките важат за сите кои се во таа област. Утрово проверуваме дали има агенции и патници кои биле во овој регион – изјави министерот Венко Филипче.