Дијабетесот на повозрасни години се поврзува со спиењето!

Американски експертски тим ја откри поврзаноста меѓу дијабетесот добиен на повозрасни години и намаленото ниво на хормонот за спиење – мелатонин, објави списанието на Американското медицинско здружение. Истражувањето е спроведено на 370 жени заболени од дијабетес и исто толку жени во контролната група, кои не боледувале од дијабетес а биле иста раса и години како и жените од првата група. Утврдено е дека болните од дијабетес во текот на ноќта произведуваат значително помалку мелатонин отколку испитаничките од контролната група. Инаку, мелатонинот ноќно време го произведува мозокот, па неговото ниво во крвта тогаш е зголемено, што придонесува за регулирање на ритмот на „телесниот часовник“.

Американскиот тим утврди дека жените, кај кои секрецијата на мелатонин во текот на ноќта е ниска, се под двојно поголем ризик да заболат од дијабетес, отколку оние кај кои е висока.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.