Дијабетесот може да се држи под контрола, ако овој симптом се забележи навреме

Симптоми на дијабетес тип 2 вклучуваат замор, необјасниво губење на тежината и чувство за жед.

Меѓутоа, лекарите дошле до заклучок дека пред сите нив, се развива еден симптом што е најраниот аларм за тревога.

Ако овој симптом се забележи навреме, дијабетесот може да се држи под контрола.

Дијабетес тип 2 е хронична состојба при што панкреасот не може да произведе доволна количина инсулин. Иако овој процес може да изгледа безопасен, со текот на времето ги нарушува сите функции на телото. Високото ниво на шеќер во крвта може сериозно да ги оштети срцето, очите и бубрезите.

Клучен чекор е рано откривање на проблемот. Најраниот симптом, тврдат лекарите, е заматен вид, кој станува сѐ посериозен секој ден.

Дијабетесот може да предизвика заматен вид, но и стеснување на окото. Оваа состојба е позната и како дијабетична ретинопатија – резултат на проблемите со крвните садови околу мрежницата.

Кај повеќето пациенти овој проблем се развива постепено. Раното откривање и одењето на лекар, може да го спаси пациентот од посериозни проблеми какви што се целосно губење на видот.

Во окото се создава вишок течност, кој го создава заматување и го намалува фокусот. Ако оваа состојба трае неколку денови, време е да посетите лекар.

Експертите исто така нагласуваат дека заматен вид не е кај 100 отсто од случаите последица на дијабетес. Тој исто така може да биде предизвикан и од голем број други состојби, вклучувајќи суви очи, слаб вид или инфекција.

Во секој случај, лекарите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали што ни ги праќа организмот.
дијабетес.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.