Џорџ Клуни никогаш не носи исти чорапи

340

Актерот Џорџ Клуни откако ќе ги извалка чорапите, купува нови. Тој не ги фрла туку ги пере и ги подарува на центрите за бездомници.

52 годишниот Клуни е опседнат со чисти чорапи. Негов пријател тврди дека актерот посветува големо внимание на личната хигиена.

Актерот со неодамнешниот саркастичен одговор на прашањето дали направил естетски третман, покрена нов тренд.

– Немам користено ботокс на лицето туку под стомакот. Многумина во Холивуд имаат пробано пеглање на тестисите, истакна Клуни по што клиниката „Џејми“ во својата понуда стави и таков третман.

– Тоа се вика машко ласерско подигнување. Со ласер се отстрануваат влакната и се пеглат борите во интимната зона, изјави сопственичката на клиниката.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.