Ви се случило ли омилениот дезодоранс што го користите постојано, да го смени мирисот откако ќе го нанесете, посебно кога времето е потопло?
Тоа значи дека е време да го смените.
Според дерматолозите, дезодорансот треба да се менува на секои шест месеци. Кожата после некое време навикнува на нив, а контра-ефектот од тоа е непријатна миризба, која секако не е целта.
Сите различно се потиме од различни причини (стрес, вежби, високи температури), а со тоа и течностите што ги исфрламе имаат различен мирис. Потењето предизвикано од стрес најмногу ослободува најнепријатен мирис.
За да го спречите сето ова, после шест месеци, сменете ја линијата дезодоранси од одреден козметички бренд. Инаку, дезодорансите во форма на стик се најдобри против потење и непријатен мирис.