Детската клиника полна со болни деца за продолжениот празничен викенд!

533

Промената на времето ги разболе децата. За време на продолжениот празничен викенд дежурните лекари на Детската клиника само во ноќните часови прегледувале и по 70-тина деца. Речиси сите имале растечен нос, покачена температура и кашлале.
-Честотата, особено на горно респираторните патишта и температурните промени кај децата се почувствуваа и кај тие кои доаѓаа и побараа помош на клиниката. Бидејќи температурата може да биде обична настинка, но некогаш некое дете може подолго време да носи некој инфект и да дојде до посериозна инфекција и не смеете да го занемарите, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.
Дел од децата имале и овчи сипаници, а родителите мислеле дека се работи за настинка бидејќи оспипот уште не бил излезен.
-Појавувањето на знаците за овчите сипаници некогаш се неспецифични што може да изманипулира секоја друга симптоматологија и често пати да збуни се додека не излезе осипот, додаде д-р Софијанова.
Доктор Софијанова смета дека најавеното ново заладување ќе ја намали епидемијата на овчи сипаници, која последниот месец зема се поголем замав.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.