Детска кардиохирургија на Клиниката за кардиологија – Со неа ќе раководи Владимир Чадиковски
Детската кардиохирургија ќе биде сместена во рамки на Клиниката за кардиологија и постојната клиника за адултна кардиохирургија. Сметаме дека е таму вистинското место, затоа што ја има целата инфраструктура којашто веќе ја користат возрасните, може да ја користат и децата како пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Вели дека има простор само треба да се префрли дел од опремата од детска хирургија кој досега се користел само за кардиохируршки операции кај децата. Најверојатно со овој оддел во иднина ќе раководи др. Владимир Чадиковски.