Децата од семејства корисници на социјална помош нема да плаќаат партиципација во болниците

Околу 24.200 лица до 18 години од семејства корисници на социјална помош се ослободуваат од плаќање партиципација за болничко лекување. Ваква одлука е донесена на последната Владина седница. И тие влегуваат во програмата заедно со пензионерите кои имаат примања под 12.600 денари. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари.
-Владата донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на Р. Македонија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.