Деца починале од труење со печурки!
Две деца починале, а уште девет членови од нивното семејство се хоспитализирани поради симптоми на труење од печурки во Данска, соопшти полицијата. Семејството бегалци од Конго вчера била преместени од нивната куќа во градот Хаслев во блиската болница поради симптоми на труење, проследено со повраќање и проблеми со дишење, пренесуваат данските медиуми.
Полицијата не го објави идентитетот на семејството, ниту возраста на децата што починаа.
Властите наведоа дека не веруваат дека децата изеле отровни печурки додека играле, како и дека причината за труењето сè уште се утврдува.