Детето го цица палецот – Треба да паничите или не?
Иако многу родители се обидуваат своите деца да ги одвикнат од цицање на палецот, најновата студија покажа дека оваа навика и не е толку нездрава, како што се мислеше.
Децата, кои цицаат палец или ги грицкаат ноктите имаат за една третина помал ризик да заболат од алергии, покажа новозеландското истражување.
Појаснувањето на воочената појава би можело да се наоѓа во т.н. хигиенска хипотеза, според која изложеноста на некои бактерии е поврзана со позитивното влијание врз развојот на имунолошкиот систем на детето и намалувањето на ризикот од појава на алергии, веруваат новозеландските научници од Универзитетот Отага.
Во нивното истражување се користени податоци за околу илјада лица, чиј развој биле следен до 32-та година.
Цицањето палци и грицкањето нокти не биле поврзани со помалиот ризик за асма и алерија на полен, додават научниците во своето истражување, кое е објавено во стручното списание „Педатрикс“.