Детектор: Ѓраганите го оценија со „2 плус“ јавното здравство

Граѓаните му даваат оценка два плус на јавното здравство, покажува анкетата  која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Мнозинството од граѓаните или 17,6 % најголемо незадоволство во јавното здравство чувствуваат поради закажувањето и времето на чекање за преглед, 15% се незадоволни од лекарите, 12,6% од инфраструктурата и 9,2% од хигиената.

Но и покрај ова, 69,4% од анкетирани велат дека ги користат државните здравствени услиги, наспроти 23,3% кои преферираат за да се лекуваат приватно.

Мнозинството граѓани се против најавите за јавно приватно партнерство како реформа во Брзата помош. 38,1% се против идејата приватни компании да ги обезбедуваат услигите за кои трошоците ќе ги покрива државата. Ваквата реформа е прифатлива за 35,8% од анкетираните.

На оваа тема во детекетор дебатираа министерот за здравство Венко Филипче и Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ кои покрај со овие бројки, не се согласија ниту за зголемувањето на платите на лекарите.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември, на репрезентативен примеротк од 1116 испитаници.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.