Дете ја пријавило мајка си во полиција бидејќи одгледувала марихуана!

290

Тинејџер во Германија ја пријавил мајка си затоа што одгледувала марихуана во домот, меѓутоа наместо полицајците да ја уапсат мајката, тие морале да го заштитат момчето од мајката која била многу лута на него.

Полицијата денеска соопшти дека 15-годишникот ги повикал вчеравечер властите откако преку интернет утврдил дека билките што ги одгледувала неговата мајка се марихуана. Полицајците во нивната куќа во гратчето Санкт Леон Рот, околу 100 километри јужно од Франкфурт, нашле 19 билки високи и еден и пол метар.

Против мајката на момчето е покрената истрага, а таа била толку лута на својот син што полицијата морала од претпазливост да го однесе момчето во дом за млади каде што ќе мора да остане некое врме.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.