Десет совети против болки во грбот

164

1. Проверете ја кај лекарот должината на нозете. Понекогаш едната нога е покуса за неколку милиметри што сериозно влијае на ’рбетот.

2. Хранете се урамнотежено.

3. Одредени болки во вратот се предизвикани со претерано стегање на вилицата.

4. Носењето тешка чанта влијае на држењето, што предизвикува благо свиткување на ’рбетот.

5. Избегнувајте чевли со многу висока потпетица, како и оние што се сосема рамни.

6. Вежбањето и спортот ги ублажуваат болките во грбот.

7. За време на бременоста паметно е да се работат некои основни вежби за грбот.

8. Одделни домашни работи ги блокираат мускулите на грбот. При подигнување товар грбот секогаш мора да биде рамен.

9. Болките во грбот ќе бидат поблаги ако спиете внимавајќи грбот да ви е рамно поставен и добро потпрен со душекот.

10. Хидротерапијата, масажата или електричното ќебе, можат да ги ублажат болките во грбот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.