Десет продукти кои го чистат црниот дроб

Го забрзуваат согорувањето на калориите

Што и да изедеме или испиеме, во текот на животот, минува низ нашиот црн дроб. Токму поради тоа овој орган ги трпи и впива сите наши лоши прехрамбени навики и со својата работа го штити нашето тело. Ако сакате да направите добра работа за вашето тело, а со тоа и за црниот дроб дознајте што го одржува здрав и со што ќе го „исчистите“.


Мрсната и пржена храна, нездрави пијалоци, алкохол и лекови се главни непријатели на вашиот црн дроб кој во телото има функција на филтер кој го чисти организмот од штетни состојки. Но, токму поради работата која ја извршува, црниот дроб може да биде многу оптоварен што може да предизвика здравствени проблеми. Со оглед на тоа дека црниот дроб не е поврзан со нашиот
нервен систем заболениот црн дроб нема да ве боли и поради тоа болеста е тешко да се открие. Но, добра вест е тоа што црниот дроб може да се регенерира и скоро секоја штета може да се поправи.

Продукти кои го чистат црниот дроб:

1. Лук – го поттикнува создавањето ензими кои му помогнуваат на телото да ги исфрли токсините.
2. Цитруси – богати со витаминот Ц цитрусите се силен антиоксиданс кој му помогнува на црниот дроб побргу да ги апсорбира штетните материи.
3. Цвекло и морков – и двете се богати со флавоноиди и бетакаротен. Го стимулираат црниот дроб и ја подобруваат неговата работа.
4. Зелен чај – состојката катехин со која овој чај е богат е силен антиоксиданс кој го чисти организмот.
5. Зелен листест зелечнук – спанаќ, кељ, блитва и салата се преполни со хлорофил и се многу корисни во неутрализирањето и исфрлувањето на токсините од крвотокот.
6. Ананас – преполн со витамин Ц и делува како природен диуретик кој телото го ослободува од токсините.
7. Нане – листовите на нането се богати со флаваноиди кои делуваат како силен антиоксиданс.
8. Ѓумбир – многу моќен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот и помогнува при исфрлувањето на маснотиите од организмот.
9. Ореви – содржат големи количества омега 3 масни киселини и амино киселини кои го забрзуват процесот на детоксикација.
10. Зелка – токму како брокулата и карфиолот, зелката силно делува на ензимите на црниот дроб и ја регулираат и забрзуваат неговата работа.

Коментари

коментари