Десет медицински тима на Брза Помош и осум дежурни ординации во Скопје за новогодишните празници

 

 Службата за ИМП со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје, ги известува сите граѓани дека  за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните  во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ итната медицинска помош ќе  располага со 10 медицински тима и 8 дежурни ординации  за здравствена заштита во трета смена ,недела и празници во Поликлиниките  Јане сандански,Чаир,Ченто,Шуто Оризари ,Ѓорче Петров ,Драчево,Идадија и Бит Пазар.

Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.
Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош  ги дава следните

П Р Е П О Р А К И

  • Редовно земање на терапија кај хроничните болни,
  • Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост,
  • Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,
  • Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,
  • Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.