Десет лоши навики за вашето здравје!

1. Не ставате редовно крема за сончање на вашата кожа

Кремите за сончање не се резервирани само за лето. Сончевите зраци можат да бидат штетни дури и во зимските месеци, а колку е поголема надморската височина на која лицето се наоѓа (на пример, планинарење, скијање), ултравиолетовите зраци толку подлабоко продираат во кожата.

Истражувањата покажале дека редовната употреба на заштитен фактор 15, и повеќе, го намалува ризикот од појава на рак на кожата до 40 отсто.

2. Седите по цел ден

Резултати од истражување од 2013 година покажале дека 83 отсто од Американците поголемиот дел од времето го минуваат во седење.

„Многубројни истражувања покажале дека седечкиот начин на живот има влијание на физичкото и психичкото здравје, како зголемен ризик за развој на рак и дијабетес“, вели доктор Кери Шмиц.

Тоа не значи дека секој ден треба да трчате на маратон, но дури и мали промени можат да бидат од голема корист. На пример, стоење за време на гледање на реклами на телевизија или пешачење од работа до  дома.

3. Не спиете доволно

Недоволната количина на сон може да предизвика низа на здравствени проблеми како хипертензија, дијабетес, депресија, срцеви заболувања и дебелина.

Мозокот исто така трпи последици од оваа лоша навика, па за резултат ви дава послаба концентрација, полоши перформанси и променливо расположение.

4. Веднаш кога ќе се разбудите, или кога ќе стигнете на работа пиете кафе

Точно е дека кофеинот може да му помогне на метаболизмот наутро да се активира, да го намали и ризикот од дијабетес и дури да го намали ризикот од предвремена смрт. Но, тоа не значи дека кафето е првата работа која треба да ја внесете во организмот кога ќе се разбудите.

Експерти тврдат дека нашиот организам после будење е дехидриран, во однос на тоа дека за време на спиењето не внесуваме храна и вода. Меѓутоа, кафето има способност само да ја влошува дехидрацијата, посебно зима, кога греењето го суши воздухот во затворени простории.

Наместо кафе, најдобро е наутро да се напиете чашка вода.

5. Си задавате премногу обврски

Денешното општество првенствено се однесува на продуктивноста, па не е ниту чудно што се очекува на дневно ниво да одработиме колку што е можно повеќе работи. Сепак, оваа навика може да има токсично дејство за организмот и после некои време да доведе до таканаречено согорување.

Ако сакате да избегнете хроничен стрес, научете се да им кажете „не“ на некои обврски и повици за излегување. Наместо тоа, одделете си време за одмор.

6. Користите Google за решавање на здравствени проблеми

Оваа пракса е многу опасна, во однос на тоа дека може да предизвика одложување на одредување на правилна дијагноза и примена на третман.

7. Јадете додека се движите

Јадење на сендвич за време на работа во канцеларија можеби ви се чини како победа на полето на мултитаскинг, но веројатно не сте свесни дека ваквиот начин на исхрана може да предизвика низа на проблеми со варењето.

Ако јадете премногу брзо, и под стрес, покрај проблеми со варењето, може да дојде и до дебелеење.

8. По цел ден не се одделувате од смартфонот

Кој би претпоставил дека еден мал смартфон може да предизвика толку големи проблеми со рбетот?

Лошото држење влијае на структурата на цел организам, почнувајќи од вратот, лигаментите и коските, до болки во рбетот и артритис.

Обидите се да го поставите телефонот во висина на очите, редовно да се истегнувате и да го намалите времето поминато пред екран.

9. Не водите сметка за денталната хигиена

Една од најголемите грешки кои можете да ги направите е да ја чувате четката за заби на отворено, бидејќи со секое повлекување на вода во веце школката се предизвикува ширење на фекални бактерии, од кои некои завршуваат токму на четката за заби.

10. Несвесно внесувате шеќери во организмот

Американската асоцијација за здравје на срцето, истакнува дека максималната количина на шеќери која возрасните треба да ја внесуваат во текот на денот за мажи изнесува 37,5 грама (деве лажички), односно 25 грама (6 лажички) за жени.

Една од најлошите работи која можете да си ја направите сами на себе е несвесно да внесувате прекумерни количини на шеќери.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.