Денеска уште двајца затруени од „Седмица“ прегледани на Инфективна – На клиниката биле третирани вкупно 26 лица кои јаделе од сендвичарницата!

283

На Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се прегледани двајца пациенти затруени со храна од сендвичарницата „Седмица“ во Лептокарија, а стабилна е состојбата на хоспитализираните шест од 26-те лица кои завчера и вчера побарале помош откако јаделе во оваа сендвичарница.

– Прегледаните пациенти од сабајлево не се задржани во болница, а со подобрени симптоми во повлекување се претходно примените шест пациенти, информираат од Клиниката за инфективни болести.

Таму вчера се прегледани 14 пациенти, а само еден е примен на болничко лекување.

Од завчера со симптоми на труење по конзумирање храна од „Седмица“ за преглед на Клиниката се јавиле вкупно 28 лица, од кои тројца се префрлени во ГОБ „8-Ми Септември“.

Сендвичарницата е затворена, а по налог на Санитарната инспекцијата треба да се изврши нејзино темелно чистење, како и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, како и брисеви од работната површина и од вработените. Резултатите од микробиолошките анализи, според најавите, треба да бидат готови утре.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.