Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид 19, а регистрирани се 8 нови случаи

39

Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме.

Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:

-Скопје 3

-Тетово 2

-Велес, Кичево и Охрид по 1

Нема пријавено починато лице.

Регистрирани се 9 оздравени пациенти од:

-Скопје 3

-Куманово

-Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен по 1

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.