Денес ќе се знае од што починале двајцата жители на гостиварско Симница

164

Попладне Институот за јавно здравје ќе соопшти од што починаа двајцата жители на гостиварско Симница.  Телото на еден од двајцата починати пациенти на Инфективната клиника е дадено на обдукција со цел да се добие појасна слика, а меѓу другото и да се провери дали можеби станува збор за некаков вид на труење.

Директорот на Институтот за јавно здравје,потврди дека тие веќе ги започнале и нивните испитувања, па попладне се очекуваат првичните резултати.

Институтот немал реагенси за испитувањата поради што се позајмувале од Косово. Никој засега не сака да даде информација за какво заболување станува збор, но она што неофицијално се зборува е дека сомнежите најмногу се насочени кон хеморагична треска.

Вчера, директорот на Инфективната клиника и претседател на Комисијата за заразни болести, Звонко Миленковиќ објави дека во период од три дена починале двајца пациенти од Гостиварско. Биле татко и син, на возраст од 50 и 24 години, од селото Симница. Лекарите не сакаа да шпекулираат со прогнози, нагласија само дека болеста бргу се ширела, ја напаѓала функцијата на повеќе органи, како црниот дроб и бубрезите. Исто така, истакнаа и дека нема простор за паника бидејќи заразувањето се пренесувало од животни на човек, а степенот на пренесување од човек на човек е многу низок.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.