Дебелината причина за 40% од случаите на рак во САД
Речиси 40% од сите случаи на рак во САД (вкупно над 630.000 случаи) се поврзани со прекумерната тежина, предупредуваат здравствените власти во земјата и повикаа на зајакнување на превенцијата. Во земја каде 71% од возрасните страдаат или од прекумерна тежина или од дебелина, заклучоците на Американскиот центар за превенција и контрола на болести „се причина за загриженост“, вели директорот на центарот, Бренда Фицџералд.
„Мнозинството возрасни Американци тежат повеќе од прописите, и тоа што се со прекумерна тежина ги става луѓето во поголем ризик од голем број на видови на рак“, додаде таа.
Според неа, постигнувањето и одржувањето на здрава тежина може да игра улога во спречувањето на тешка болест. Постојат податоци дека прекумерната телесна тежина го зголемува ризикот од развој на 13 видови тумори, вклучувајќи рак на хранопроводот, на тироидната жлезда, на дојка по влегување во менопауза, на жолчното кесе, желудникот, црниот дроб, панкреасот, бубрезите, на јајниците, матката, дебелото црево и ректумот. Бројот на поврзани со прекумерна тежина видови рак е зголемен, за разлика од вкупниот број случаи на рак, кој паѓа од 90-тите години.
Единствените случаи на рак, поврзани со прекумерна тежина, кои се намалиле од 2005 до 2014 година, се оние кај ракот на дебелото црево. Тие бележат пад за 23%, главно поради нивното подобро откривање. Истражувачите исто така откриле дека речиси две третини од над 630.000 случаи на рак, поврзан со прекумерна тежина, дијагностицирани во 2014 година, се меѓу луѓето на возраст од 50-74 години. Постои посебен ризик за жените, каде што 55% од сите дијагностицирани случаи на рак се со прекумерна тежина. За мажи овој процент е 24%.
Според официјалните податоци на властите во САД, 32,8% од населението на земјата страда од прекумерна тежина, а 37,9% од дебелина.