Давајте кикирики против алергија – Нови истражувања!

Бројот на деца алергични на кикирики се зголемил двојно на Западот во последните 10 години, а се јавуваат случаи и ширум Африка и Азија.

Во сериозни случа и може да дојде и анафилактичен шок кој може да биде фатален.

Веќе со години педејатрите и алерголозите ги советуваат родителите на децата да не им даваат кикирики во првите години на животот, но експерти сега тврдат дека е потребно да се променат препораките.

Студијата направена на Кингс колеџот во Лондон е објавена во стручниот магазин „New England Journal of Medicine“ покажува дека бројот на деца алергични на кикирики драстично се намалува доколку оваа намирница почне да им се дава колку почнат да јадат цврста храна.

Студијата опфатила 640 деца на возраст  од 4 до 11 месеци од децката болница Евелина во Лондон, за која се сметало дека се склони кон алергија на кикирики, затоа што страдале од акцема или алергија на јајца.

До пет години на децата им давале намирници кои содржат кикирики три пати неделни, додека во контролната грипа децата не јаделе.

До петата година помалку од еден процент од децата кои редовно јаделе кикирики имале алергија на таа намирница во споредба со 17,5 одсто меѓу останатите.

Професорот Гидион Лак, водач на студијата, вели дека избегнувањето на кикирики во некои делови предизвикало зголемување на бројот на алергичните.

„Една од причините поради кои луѓето престанале да им даваат кикирики на децата во седумнаесетата и осумнаесетата година е таа што стравувале дека може да предизвика гушење. Дури во 2000 години е издадено предупредување дека треба да се избегнува давањето кикирики на децата поради алергии“, вели Лак.

Осум години подоцна, препораките се променети бидејќи немало докази дека избегнувањето на кикирики може да спречи настанување на алергии.

Дури сега научниците почнуваат да се сомневаат дека таа намирница на децата треба да им се дава како превенција.

Тоа, сепак не смее да биде цела кикирика, туку мек кикирики путер или некој флип на база на смоки, како би се спречило евентуално гушење. Сите бебиња кои на тестовите на алергија не покажуваат реакција на кикирки, треба да ја јадат оваа намирница, сметаат научниците.

Истражувачите сега сакаат да проверат дали други алергии може да се спречат со постепено воведување на одредени намирници.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.