Дали знаете дека плачењето е здраво?

254

Луѓето на различен начин ги изразуваат чувствата. Плачењето најчесто се поврзува со чувство на длабока тага.

Но, според лекарите плачењето е здраво, а луѓето кои често плачат имаат посебен карактер.

Со плачењето се намалува стресот, ако сте личност која силно ги изразува емоциите, тогаш полесно ќе се справувате со животните предизвици. Откако ќе се “исплачете”, полесно ќе ја согледате ситуацијата која ве довела во таква состојба.

Со плачењето докажувате дека не се плашите од сопствените чувства. Плачењето е знак дека ја прифаќате сопствената ранливост и чувствителност. Тоа е знак дека сте силна личност. Плачењето е исто така знак на здраво срце и мозок.

Личностите кои плачат ја живеат својата вистина и не се грижат што зборуваат другите за нив.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.