Дали жените сакаат долг секс?
Некои жени можат да доживеат оргазам во првите три минути и се по тој момент може да биде болно и мачно искуство особено ако се цели на втор оргазам во ситуација кога желбата е намалена поради првичната кулминација.
Мажите очекуваат жените да завршат работа повеќе пати, а тоа ги приморува жените да глумат и мажите да „аргатат“ во кревет без да доживеат оргазам за да не им се отворат муабети дека немале кондиција – жените не го сакаат тоа.
Едно научно истражување издадено во билтенот за сексуална медицина објавило дека сексот од минутка до две е краток секс, а оној од три до седум минути жените го сметале за солиден. Иделното времетраење на сексот според жените е од седум до тринаесет минути, а сѐ над 15 минути е предолго и заморно.