Дали жените можат да знаат кога ќе влезат во менопауза?

274

Повеќето жени влегуваат во менопауза исто време како и нивните мајки, а плодноста опаѓа неколку години пред тоа, пишува vecernji.hr.

Прашајте ја мајка ви на која возраст и завршил менструалниот циклус, одземете од тоа 10 години и ќе дознаете кога почнува да се намалува вашата плодност. Но, ако сеуште не сте мајка, не паничете. Шансите не се изгубени, но најверојатно ќе треба повеќе време да се забремени.

И да бидете сигурни прашајте дали и таа имала преклампсија, која се карактеризира со висок крвен притисок за време на бременоста, што е потенцијално ризично за мајката и бебето. Затоа што тоа е наследно заболување, доколку сте бремени, објаснете му на лекарот да посвети посебно внимание на крвниот притисок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.