Дали витамин Ц може да предизвика камен во бубрег?

210

Витаминот Ц се препорачува и се рекламира како полезен и здрав за употреба, но една нова шведска студија покажува дека преголеми количества може да го зголемат ризикот од појава на камен во бубрегот.

Истражувачите при Каролинскиот институт во Стокхолм во спроведеното испитување, со кое биле опфатени 23.000 мажи во Оребро и во регионот Вестманланд во период од 11 години, вршеле споредби за поврзаноста на каменот во бубрегот и употребата на Ц-витамин.

Кај оние што користеле Ц-витамин како додаток во исхраната ризикот да бидат погодени од камен во бубрегот бил двојно поголем, јави дописникот на МИА.

Колку почесто го внесувале витаминот, толку повисок бил ризикот.

Споменатата шведска студија е презентирана во списанието „Јама интернал медицине“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.