Дали веднаш по јадењето треба да се мијат забите?

277

Ако јадете кисела храна, овошје или салата со прелив од оцет, најлошото нешто што можете да направите е да ги измиете забите веднаш по јадењето, велат експерти од Факултетот за стоматологија во Њујорк. Објаснуваат како киселата храна ги прави забите чувствителни, и миењето веднаш по јадење може да предизвика промена на нивната боја и ризик од расипување и оштетување.
– Многу е подобро да ги миете забите пред јадење. Доколку, пак, не успеете тогаш барем почекајте 30-40 минути по јадењетоз а да се овозможи калциумот од плунката да ги деминерализира чувствителните области, а потоа четкајте ги забите, порачуваат експерти. Исто така советуваат дека не е добро нивно миење и веднаш после пиење овошен сок, кој и покрај големите количини на шеќер содржи киселини кои можат да делуваат на забите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.