Дали вашиот партнер ви е најдобар пријател?

175

 

1. Го поканувате и него кога излегувате со вашите пријатели

Вашиот партнер ви е најдобар пријател, па се чувствувате удобно кога и тој е излезен со вас. И покрај романтичната врска, вие можете да го вклучите во вашиот круг на пријатели без чувство на љубомора. Всушност, дружбата со пријателите ви е позабавна кога и тој е присутен.

2. Можете да се расправате, а сепак да бидете заедно

Кавгите се неизбежен дел од секоја врска, но запомнете, можете да се расправате и со најдобриот пријател, а сепак да не дозволите разликите да ве одделат. Може ќе дојде период кога ќе мислите дека врската пропаѓа, но вие ќе се држите заедно додека да помине „бурата“. Вашиот партнер и вие ќе барате решение на проблемот наместо да ја прекинете врската.

3. Можете да разговарате со часови

Со најдобрите пријатели се познавате толку добро што разговорите секогаш се одвиваат многу лесно. Се чувствувате поврзано и мислите дека секогаш ќе имате нешто ново за кажување. Вашиот партнер е најдобар и со него можете да разговарате цела вечер. Поради вашата поврзаност вие секогаш можете добро да ги сфатите работите што ви ги кажува.

4. Знаете дека ќе ве заштити

Без разлика на ситуацијата, вие можете да се потпрете на вашиот партнер. Секогаш кога ќе се соочите со неуспех, тој ќе биде овде да ве „крене“ и да ве расположи. Тој ќе направи сè за повторно да се чувствувате среќно. Тој нема да ве напушти кога ќе наидете на тешкотии туку ќе ви помогне, па дури и ќе се жртвува за вашата среќа. Низ сите подеми и падови, вашиот партнер ќе биде до вас.

5. Нема потреба да се преправате пред него

Вашиот партнер треба да прави да се чувствувате удобно во вашата кожа. Нема потреба да се преправате дека сте некој друг во близина на вашиот најдобар пријател. Можете да бидете навистина луди и да се забавувате бидејќи знаете дека тој нема да ви суди. Тој ве сака и се грижи за вас и сака да ве гледа среќни. Ако можете да бидете слободни и опуштени пред вашиот партнер, тој е ви е најдобриот пријател.

6. Тој прави да се чувствувате живо

Животот понекогаш може да биде навистина тежок и да ви ја украде целата радост. Како и да е, вашиот партнер е овде да ви помогне. Тој знае како да ве расположи дури и кога не ви е дојдено до смеа. И покрај проблемите тој знае како да ви ја покаже надежта. Тој ве сака и е навистина повреден кога не сте среќни, па затоа ќе направи сè за да ја види вашата насмевка.

Не треба да се обидувате да го импресионирате вашиот партнер, доволно е само да бидете присутни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.