Дали утринското кафе треба да го пиете пред 10 часот?

192

 

Конзумирањето на кофеин во период кога е високо нивото на кортизол во нашиот организам може да предизвика два проблема.

Првиот проблем е тоа што кофеинот се меша во производството на кортизол, хормон кој се ослободува како последица на стрес и низок крвен притисок. На тој начин телото произведува помало количество на кортизол, а кортизолот го заменува со кофеин.

Вториот проблем е тоа што утринското кафе ја зголемува толеранцијата на кофеин, од причина што истиот го заменува поттикнувањето на природно индуцираниот кортизол.

Имајте на ум дека нивото на кортизол е високо трипати во текот на денот, а не само во утринските часови. Токму затоа потребно е да внимавате во кој дел од денот го пиете своето кафе.

Експертите советуваат дека најдоброто време за пиење кафе е помеѓу 10 и 12 часот, како и помеѓу 14 и 17 часот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.